Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово во 5:09 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар бил на 114 км југозападно од Скопје, и потекнува од Охридското епицентрално подрачје.
Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од 3.4, а бил почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.