Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 24.03.2022 година регистрираше земјотрес 106 km јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Битола.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 06 часот и 15 минути, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.