Земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел од Перу.
Потресот оштетил куќи и сообраќајници во тој дел од државата. До сега нема извештаи за жртви, ниту повредени.
Епицентарот бил на 45 километри северозападно од градот Хилујак на длабочина од 32 километри.