Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја потресе Грција

Сподели

 

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција во поширокиот регион околу Атина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил во 8 часот и 26 минути по локално време, на длабочина од 11 километри, 79 километри северозападно од Перистери и 12 километри југоисточно од Мантуди.

 

Засега нема извештаи за човечки жртви и за материјална штета.