Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран јужно од островот Хаваи, соопшти американскиот геолошки институт, но нема предупредување за цунами или извештаи за можна штета.
Според Институтот, земјотресот бил на длабочина од 35 километри, а неговиот епицентар бил јужно од градот Наалеху. Земјотреси од оваа јачина може да предизвикаат сериозни штети.
Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека нема предупредување за цунами.