Силен потрес со јачина од 8,2 степени по Рихтерова скала денеска го погоди заливот на Алјаска. Американските служби издадоа предупредување за цунами кое е во сила за подрачјето на Алјаска, западниот брег на Канада, САД, Хаваите, Американска Самоа и Гуам.
Епицентарот на земјотресот е забележан на длабочина од 19,3 километри, 281 километри југоисточно од градот Кодиак на Аљаска.