Утрово, во во 4 часот и 54 минути е почуствуван земјотрес на цела територија на Македонија. Епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.
Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ станува збор за земјотрес со јачина од 5 степени според локална Рихтеровата магнитуда.
Земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со 5 степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со 4 степени, а во Битола, Прилеп и околината со 3 степени.
Не се регистрирани штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.