ЗЕМЈОТРЕСИ ВО СКОПСКО ЕПИЦЕНТРАЛНО ПОДРАЧЈЕ

Сподели

413136-skopskiot-zemjotres-bil-44-stpeni-spored-rihter

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово околу 7 часот ги вознемири жителите на Скопје.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на три километри североисотчно од Скопје, во околината на селото Црешево, на длабочина од 2 километри.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека утрово биле регистрирани серија земјотреси со епицентри во Скопското епицентрално подрачје. Два од земјотресите се почуствувани во Скопје и во околината.

Првиот е регистриран во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени по Рихтер.

Се уште нема информации за материјални штети или повредени.