Деновиве во Брзата помош совети и помош барале и граѓани кои не се со хронична болест, туку поради температурниот шок тие почувствувале здравствени проблеми.
Температурната разлика од 20 степени во едно деноноќи,е лошо влијае врз здравјето не само на хронично болните туку и на здравите лица, предупредуваат лекарите.
-“Многу пациенти се јавуваат, и не знаат да си објаснат зошто им се случуваат некои работи. Поточно овие температурни разлики влијаат и кај здравите луѓе, се јавува една состојба, лично чувство на замор, летаргија, поспаност и неможат да го објаснат. Значи нема здравствена причина односно болест која што го предизвикува туку едноставно организмот нема време да се аклиматизира на оваа нагла промена на температурата и има потреба да се одмори односно аклиматизира”, изјави за Сител д-р Марија Анастасова, шеф на смена во Брза помош Скопје.
За полесно органзизмот да се прилагоди на драстичните температурни промени, лекарите советуваат да се практикува физичка активност во текот на целата година.
Инаку ваквите температурни шокови најмногу се изразени во пролет и на есен, но поради климатските промени последните години драстични разлики во температурата во едно деноноќие има и во зима и на лето.