Заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, денеска оствари средба со помошник амбасодорот на Република Турција во земјава, г-дин Мухамед Челикаја.
Заменик министерката информираше за силниот инвестициски циклус во инфраструктурата со посебен акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура.
Исто така на средбата се разговараше за добрата поврзаност со Република Турција во делот на авиосообраќајот и областа на меѓународниот патен сообраќај меѓу двете земји.
,, Соработката меѓу двете земји е на одлично ниво и несомнено така треба и да продолжи во сите области кои се од заемен интерес. Имаме одлични релации во авиосообраќајот каде што согласно летниот ред на летање за 2024 година турскиот авиопревозник TURKISH AIRLINES оперира 7 пати неделно (секој ден од неделата) на релација: Истанбул – Скопје Скопје – Истанбул и во делот на патниот транспорт односно во делот превоз на стока За 2024 година се разменети:
– 1300 дозволи за и од трети земји и
– 3150 дозволи за влез на празни камиони при билатерален превоз на стоки а во делот превоз на патници воспоставени се 8 (осум) автобуски линии за вршење на меѓународен линиски превоз на патници, за кои превозниците поседуваат важечки дозволи и истовремено се води постапка за издавање на дозвола за вршење на меѓународен линиски превоз на патници за две релации. ‘’ истакна заменик министерката Зеколи-Шаќири.
На средбата заменик министерката Зеколи – Шаќири се заблагодари за силната поддршка на Република Турција.