ЖБОГАР: Департизација и деполитизација на судството

Сподели

Европската Унија очекува наследникот на државниот Јавен обвинител Марко Зврлевски да биде независен и со кредибилитет. Ова денеска го порача амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, откако вчера во јавноста се појавија имињата на некои од можните кандидати за наследник на Зврлевски.

„Самата цел на сите реформи кои ЕУ ги бара од вашата земја е департизација и деполитизација на самото судство. Прашањето за именување на новиот државен обинител е прашање за кое Собранието на вашата земја треба да одлучи дали ќе избере нов државен обвинител. Ако Собранието одлучи да назначи нов државен обвинител, ние како ЕУ искрено се надеваме и очекуваме таа личност да биде независна, високо професионална, со авторитет како и со кредибилитет за да може да ја води таквата институција“ – изјави Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ.