ЖБОГАР: ЕУ очекува изборите да бидат фер и кредибилни

Сподели

-Очекуваме дека веднаш по изборите ќе се креира внатрешен моментум, но и моментум со ЕУ за да може заедно да го креираме европскиот пат, рече Самоел Жбогар.

zbogar

– Доаѓаме во момент кој е битен за самата земја, кога и официјално почнува изборната кампања. Мислам дека во минантото не постоеле вакви избори, како што се овие сега кои се очекуваа толку долго време. Изборите претставуваат можност за земјата да ги стабилизира внатрешните односи и односите со Европската унија. Очекуваме добри избори и очекуваме новата влада која ќе произлезе да може сериозно да се ангажира во испорачување на сериозни реформи. Очекуваме дека веднаш по изборите ќе се креира внатрешен моментум, но и моментум со ЕУ за да може заедно да го креираме европскиот пат. Сите посети на амбасадорите на ЕУ се случуваат пред изборите за да укажеме на важноста на овие избори кои ги имаат за целата земја. Не очекуваме ништо помалку туку кредибилни и фер избори – изјави Жбогар.