Жбогар: Треба да се верува во оптимизмот на премиерите Заев и Ципрас

Сподели

Средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е добра вест затоа што само преку дијалог може да се решаваат проблемите и отворените прашања, изјави денеска во Битола, евроамбасадорот Самуел Жбогар.

– Во изминативе неколку месеци, двете влади на Република Македонија и Република Грција навистина воспоставија многу интензивен дијалог се со цел, да можат да креираат атмосфера која ќе придонесе кон наоѓање на решение и изгледа дека, вчерашната средба меѓу двајцата премиери е темел за подобро разбирање, што ќе биде добро не само за двете земји, туку и за целиот регион и за цела Европа и се разбира за сите нас – изјави Жбогар.