“Се трудам да го гледам случајот „Рекет“ од позитивен аспект и сметам дека тој покажува оти Јавното обвинителство се бори против корупцијата. Во државата нема причини за политичка криза, институциите функционираат, Јавното обвинителство е функционално, а функционира и Специјалното јавно обвинителство. Точно е дека специјалната јавна обвинителка Јанева поднесе оставка и тоа го имаме предвид и свесни сме за тоа, но СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември. Дотогаш има доволно време политичките лидери да размислат на кој начин ќе продолжи работата на СЈО. Една од можностите е тоа да биде интегрирано во рамки на општото јавно Обвинителство и има време тоа се реши – изјави денеска шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар.
Амбасадорот Жбогар нагласи дека е видливо оти во земјава се поставува судска пракса за борба против корупција на високо ниво и во таа смисла изрази поддршка на Јавното обвинителство со цел да биде поангажирано и да работи на вакви случаи.