“Добра вест од Шпанија!
Се одржа конститутивната седница на Долниот дом на Парламентот на Шпанија, со положување на свечена заклетва на новите пратеници.
Со 166 гласови во вториот круг на гласање, Меричел Батет е реизбрана за претседател на Конгресот, а веднаш започна и формирањето на парламентарните комисии.
За нас, во контекст на последната ратификација на Пристапниот протокол за Република Северна Македонија во НАТО, ова е исклучително добра вест.
По вчерашниот НАТО Самит во Лондон, веќе е јасно дека нашата татковина е рамноправен член на моќната глобална заедница. – напиша на својот фб профил заменик министерот за надворешни работи”, Андреј Жерновски
