Утре, 22 септември, Жичарницата нема да работи поради редовен годишен технички преглед, а редуцирана ќе биде и автобуската линија „25“ (Транспортен центар – Средно Водно), информираат од ЈСП.
Возен ред: Транспортен центар: 8 ч, 9.40 ч, 11.20 ч, 13.20 ч, 15.20 ч и 17.20 часот.
Средно Водно: 8.40 ч, 10.40 ч, 12.40 ч, 14.40 ч, 16.40 ч и 18.40 часот.
Од петок, 23 септември, Жичарницата и линијата „25“ ќе продолжат со редовна работа.