Знамето на САД на половина копје до четврток на зајдисонце

Сподели

zname-sad-polovina-kopje

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама денеска издаде наредба знамето на САД на Белата куќа, сите јавни згради, бродови на американската морнарица, амбасади и конзуларни преставништва во страство да бидат поставени на половина копје во чест на жртвите од масакрот кој се случи вчера во Орландо, а во кој животите ги загубија 50 лица.

Знамињата, како што стои во наредбата на претседателот Обама, ќе останата на половина копје до четврток, 16 јуни, на зајдисонце.

„Во знак на почит кон жртвите од терористичкиот напад изведен во недела на 12 јуни во Орландо, Флорида, согласно овластувањата што ги имам како претседател на Соединетите Американски Држави, согласно Уставот и законите на САД издавам наредба знамето на САД да биде спуштено на половина копје на Белата Куќа и на сите јавни згради и имоти, на воените објекти, морнарички бази и на сите пловила на морнарицата на Федералната влада во Округот Колибија и низ целата територија на Соединетите Држави и териториите во нејзино владеење, сè до зајдисонце на 16 јуни 2016 година. Исто така наредувам знамето да биде спуштено на половина копје, во истиот период, на сите амбасади на САД, конзуларни преставништва и други објекти во странство, вклучително и на сите воени објекти, бродови на морнарицата и бази“, стои во прокламацијата на претседателот Барак Обама.

Знамето на САД на половина копје до четврток на зајдисонце