ЗНМ, ССНМ, МИМ и ИКС ЗАЕДНО НА ПРОТЕСТ ЗА ФЕР И ПРАВИЧНО СУДЕЊЕ НА НОВИНАРОТ БОЖИНОВСКИ

Сподели

bozinovski210416

Утрешниот протест на Здружението на новинарите ќе го поддржат и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС). На протестот здруженијата ќе бараат да се обезбеди фер и правично судење за Зоран Божиновски.

„ – Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците. Правото на фер судење е основно човеково право и државата треба да го обезбеди тоа право за сите граѓани на Република Македонија. Затоа, се приклучуваме кон утрешниот протест пред Основниот суд во Скопје во 10 часот, каде е закажано првото рочиште против Божиновски“, се вели во заедничкото соопштение на ССНМ, МИМ и на ИКС.