Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Сараево најави дека новата влада во земјата ќе биде формирана во март. Преговорите со ДУИ веќе финишираат.
СДСМ и политичките партии на етничките Албанци во Македонија, ги договориле клучни точки и се очекува да формираат влада во март годинава, порача лидерот на социјалдемократите Зоран Заев денеска од Сараево.
„-Сега мора да се договориме за распределбата на министрите и за реформската платформа на идната влада“, вели Заев, пренесува агенцијата Ројтерс.