Јуни е интернационалниот месец за микрочипирање, и ѐ целосно во знакот на милениците и нивната сигурност, а сѐ со цел да ја зголеми свесноста и да ги поттикне сопствениците да си ја спроведат законската одредба за микрочипирање на нивните крзнени пријатели.
Микрочипирањето на кучињата претставува значаен чекор во одговорното сопствеништво на милениците. Подразбира имплантација на мал пасивен уред со големина на зрно ориз под кожата на миленикот. Микрочипот содржи единствен идентификационен број кој може да се прочита со помош на специјален скенер. Овој број е поврзан со сопственикот на миленикот кои се чуваат во централизирана дата база на податоци. Микрочипирањето е брз и безболен процес кој го извршува ветеринарно лице.
Оваа технологија овозможува полесна идентификација и повраток на изгубени или украдени миленици на сопствениците, а придобивките кои ги имаме се многубројни.
Микрочипирањето е клучна пракса кога станува збор за сигурноста и благосостојбата на вашите миленици. А воедно претставуваат незаменлива алатка во одгојот на миленици.
Секој одговорен сопственик би требало да си ја исполни својата законска обврска за идентификација и регистрација на домашните миленици, според Законот за заштита на животните.
Со тоа станува и клучна алатка и начин за поттикнување одговорно сопствеништво, а воедно превенира но и санкционира неодговорно сопствеништво, нивно напуштање и неконтролирано размножување, и со тоа драстично влијае во намалувањето на бездомната популација на животни.