Зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за дивоградбите на Меџити и Ганиу?

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ со денови молчи за скандалите кои се објавуваат за нивните коалициски партнери Ганиу и Меџити. Зошто Владата досега не го ангажирала државниот градежен инспекторат да интервенира и да санкционира, ако е вистиина дека има преку 150 дивоградби во Општина Чаир. Дали Владата предводена од ДПМНЕ сака повторно да се случи некоја трагедија во нелегелизирани и опасни ообјекти за да реагира или по секоја цена ќе го штити коалицискиот партнер? – прашуваат од СДСМ.

СДСМ бара итно да излезат сите надлежни државни институции и да ги проверат наводите на градоналаникчката Арсовкса која е патем кадар на ВМРО-ДПМНЕ, и да се постапи без исклучок по однос на сите нелегални објекти. Додека Тошковски и Мицкоски имаат полна уста неселективност, молчат пред очигледен криминал кој го прави Ганиу во Чаир. Дали и тие се дел од шемата и заради тоа го штитат криминалот?