Трактори, земјоделска механизација и автомобили тргнаа на пат од Црно Море кон Кремљ.
Руските земјоделци се незадоволни бидјеќи, како што велат, владата ги игнорира нивните проблеми, па решиле да побараат состанок со претседателот Владимир Путин.
Тие, од областа Краснодар тргнале на пат долг 1.300 километри до Москва, каде што нивниот водач, Василиј Мељниченко, ќе бара лично да се сретне со Путин.
Земјоделците се незадоволни бидејќи најголем дел од обработливото земјиште се наоѓа во сопственост на корпорациите, односно од 500.000 до 800.000 хектари се во рацете на поединци, а тие со трактори обработуваат само 20-30 хектари.
На патот кон Москва, земјоделците ги сопрела полиција и неколку часа не можеле да го продолжат патувањето. Тие не знаат кога ќе стигнат до руската претстолнина и веруваат дека на тој пат ќе имаат уште пречки.
Земјоделците велат дека не им било дозволено да разговараат со Дмитриј Медведев кога тој престојувал во нивната област.