12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Сподели

Во периодот од 15 до 17 септември во Скопје ќе се одржи 12. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Гости на Фестивалот ќе бидат петнаесетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко.

Свеченото отворање на Фестивалот е в недела (15 септември) во 20:00 часот во Даут-пашиниот амам, со разговор со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски. Со авторите ќе разговараат Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски.

Добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот за оваа година е српскиот писател Владимир Пиштало.