Мицкоски: Вечна слава на неговата светост Папата Франциско

Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по повод смртта на Неговата Светост, Папата Франциско.

“Со длабока тага ја примив веста за смртта на Неговата Светост, папата Франциско – духовен водач кој зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.

Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст.

Папата Франциско низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија – за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите. Неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит.

Во мое лично име, во име на Владата и на граѓаните, упатувам најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат.

Вечна му слава и благодарност”, напиша премиерот Мицкоски на својот официјалне ФБ профил.