24 часовен МВР Билтен

Сподели

На 12.08.2024 во 05.00 часот, полициски службеници од Единциата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(32) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка. Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите.

А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.08.2024 во 14.25 часот на улица „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(31) од с.Ивањевци, општина Могила, поради сомнение дека во авто плац во Прилеп извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.08.2024 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.А.(39) од Скопје и  Б.К.(19) од с.Јосифово, валандовско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.08.2024 во 01.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Струга, кај Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, патничко возило „опел астра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(40) од Струга, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С., констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

На 11.08.2024 околу 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат на влезот на с.Лабуништа, струшко, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од О.А.(2) од с.Лабуништа, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Е.Х. од Ресен, А.Ш. од Охрид и А.Х. од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Струга.

На 11.08.2024 околу 22.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат од  с.Ропаљце кон село с.Никуштак, липковско, патничко возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, упраувано од И.С.(18) од с.Ропаљце, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото на несреќата  извршила увидна екипа од  СВР Куманово.    

На 11.08.2024 околу 13.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Романовце, кумановско, мотоцикл управуван од малолетник од с.Романовце удрил во пешакот А.А.(56) од истото село. Во несреќата пешакот А.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.