Заврши конкурсот за „Градски парк“ распишан од Општина Центар

Сподели

Конкурсот за избор на идејно решение за повеќенаменска спортска сала “Градски Парк“, кој го распиша Oпштина Центар заврши.

Пристигнати се 15 трудови, а жири комисијата, професор од архитектонски факултет, член на асоцијацијата на архитекти и тројца вработени во Центар, деновиве ќе ги оценуваат трудовите и јавноста ќе биде транспарентно известена.

Комисијата ќе ги цени трудовите според однапред утврдени критериуми: оригиналност, креативност, инвентивност, функционалност, естетика.

Општина Центар ќе организира изложба на наградените. Добитникот на првата награда за избрано наградно решение ќе добие 300.000 денари, второнаграденото дело 180.000 денари, а третонаградениот 120.000 денари.