360˚: Дали Охрид ќе биде ставен на листата на УНЕСКО на наследство во опасност

Сподели

Во Баку – Азербејџан, во јуни ќе заседава Комитетот за светско наследство при УНЕСКО за, меѓу другото, да реши дали Охрид ќе го стави на листата на културно и природно наследство во опасност.

Од владата се оптимисти дека Охрид нема да го загуби досегашниот статус, но експерти и граѓански активисти не се сигурни во тоа. Особено што во овие последни денови во кои се затвора извештајот за Охрид, од езерото доаѓаат лоши вести – за постојано палење и горење трска најверојатно заради нечии бизнис-интереси.

Што може да натежне во ова одење по работ, како што ја опишуваат состојбата од канцеларијата за соработка со УНЕСКО – од прилогот на „360 Степени“.