Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој беше еден од најповикуваните по бегството на Никола Груевски на прашањето дали има новости во истрагата и кога ќе излезат официјално со резултатите кратко одговори.
– Има, тоа ќе го соопшти Јавното обвинителство – рече Спасовски.
Министерот за внатрешни работи вели дека ја очекувал интерпелацијата од ВМРО-ДПМНЕ за неговата работа. Но, вели, ќе мора да ги разочара.
– Ако им е новогодишна желба на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ јас да заминам од власта, ќе ги разочарам, нема да и се исполни – рече Спасовски.
Прашан од „Канал 77“ да ја коментира денешната најава од опозициската партија за интерпелација за неговото работење, министерот рече дека тоа за него било очекуван гест.
– Очекував, да, но, тоа за мене е само признание за мојата работа. Имам многу што да има кажам за интерпелацијата – одговори Спасовски.