49.МОТ 2024 “СЕ ШТО Е ВАЖНО” – Арисандмарта

Сподели

49.МОТ 2024, 15- 21 ноември, “СЕ ШТО Е ВАЖНО”, Арисандмарта (Грција), реж. Арис Пападопулос, Марта Пасакопулу, 21.11 [четврток] / 19:00, локација: Денсинг сала МКЦ

Арис Пападопулос и Марта Пасакопулу се уметнички партнери, чија цел е преку танцот да го истражат концептот на одвоеност, “размрдувањето” на структурата, креирањето на средина во која целосно се реализираат како изведувачи користејќи го физичкото, кинетичкото, идиосинкратичното и хуморот, како градиви елементи.

Арисимарта работат заедно од 2016 година, ставајќи ги нивните интереси и лична естетика во заеднички дијалог со публиката. Како млади танчери од Грција, нивниот успех и подем се покажува преку селекцијата во реномираната “Aerowaves” платформата за танц во 2018 година, селектираните проекти на “Athens & Epidaurus festival”, поддршката од “FLUXUM” фондацијата од Женева и културниот центар “KLAP- Maison pour la danse” од Марсеј како и поддршката од “Isadora & Raymond Duncan” танцовиот истражувачки центар (DDRC) – сите водечки институции за развој и поддршка на танцот во Европа.

✨