“4етвртиот“ – ДАРКО ЛЕШОСКИ

Сподели

 

13227423_10209077676609690_5893016827430199691_o

 

http://www.youtube.com/watch?v=lhlvV7mjeJM
Јас имам видено само тројца херои во живот.
Дедо ми најмногу ја сакаше сестра ми на светот.
Цело време беше таа покрај него дури беше пред смрт.
Тој го одбра денот кога нема да биде само таа тука за да си замине.
Не можеше да умре ако го гледа!
Не смееше тоа да си го дозволи пустиот!
Дедо ми е првиот.
Татко ми кога беше млад беше фраер.
Го сакаа многу луѓето.
Смешен беше и забавен правеше со кој и да е тој да заборави на своите проблеми на секунд.
Една вечер го покани и Претседателот да вечера со него.
Тој камен ладен на телефонот рече Важи ама покасно – сега гледам во Светот на бајките со Дарко.
Моето детство му беше пред се него во живот.
Твоите фиочиња често велеше дури бев мал твоите фиочиња мора да се полни со љубов.
Не го ни разбирав – сега знам што сакаше да ми каже во тие моменти човекот.
Татко ми е вториот.
Третиот не е вистински. Третиот е лик од филм
Во една сцена човекот се искраднува од стројот и го вика синчето малиот во собата со разгласот.
Во следниот миг низ логорот му ечи гласот: Buongiorno, principessa!
Stanotte t’ho sognata tutta la notte,
andavamo al cinema,
e avevi quel tailleur rosa che ti piace tanto,
non penso che a te principessa, penso sempre a te!
Јас врска немам италијански, ама ова на памет го знам делов.
И вреди животот!
За миг дури трае таа сцена има смисла сето зло и космосот.
Јас само тројца херои сум видел во мојот живот.
И нема да дозволам ништо и никој во мене да го убие најубавото.
Никогаш!
Никогаш!

Зошто планирам јас да бидам еден ден таков.
Херој нечиј туѓ.
Зошто планирам јас да бидам четвртиот!
Насмеан со сребрена коса и цигара во устата
потпрен на зид како кај 4 ката линијата,
со ногата така потпрен и загледан во синото пролетно небо.