City Star за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје

Сподели

Возот што ќе тргнува од Белград, ќе минува низ Скопје, а потоа ќе сообраќа само до Гевгелија, од каде што патниците со автобуси на грчката железница ќе бидат транспортирани до Солун.

Возот од Скопје кон Солун ќе поаѓа секој ден во 4.45 часот, со пристигнување на солунската железничка станица во 9.33 часот, од каде што ќе може да се фати врска со грчки воз за летувалиштата во Литохоро, Лептокарија и Неи Пори.

Билетите може да се извадат на патничка благајна во станица Скопје и на патничка благајна во станица Солун.

Цената на чинење на возниот билетот е во зависност од бројот на патници кои патуваат заедно.

  • Ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници, билетот за еден патник ќе изнесува 13,5 евра или 836,00 денари.
  • Ако групата ја сочинуваат 5 возрасни патници и едно дете, билетот за еден патник ќе изнесува 12,20 евра или 756,00 денари.