ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател, Барак Обама, прв пат присуствуваше на еден предизборен собир, и тоа на кандидатката за претседател од редот на Демократите, Хилари Клинтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама во вчера присуствуваше на предизборен собир во Шарлот во Северна Каролина и порача дека својот глас ќе го даде на Клинтон.
„Знам колку е паметна и подготвена” , изјави американскиот претседател Барак Обама на предизборниот собир во Северна Каролина
Тој потсети дека имале блиска соработка во минатото и на овој начин ѝ ја возвратил поддршката на Хилари Клинтон, која таа нему му ја пружала за време на изборите во 2008 година. Обама ги повика бирачите својот глас да го дадат на неговата поранешна државна секретарка.
„Одблизу видов дека дури и кога работите не одат онака како што посакувате, таа може да остане мудра и да се врати уште посилна”, нагласи Обама.
Американскиот претседател потсети дека Клинтон има направено битни работи, посебно на полето на економија.
Клинтон ја нагласи важноста на секој глас на изборите, изразувајќи уверение дека од оваа трка ќе излезе како победник.
Обама отворено ѝ пружи поддршка на Клинтон само неколку часа откако директорот на ФБИ, Џејмс Корни, најави дека на Државното обвинителство ќе му предложи да не покренува обвинение против Клинтон по едногодишната истрага за користење на приватниот е-мејл додека била во администрацијата на Обама.
Во САД на 8-ми ноември ќе се одржат 58-те претседателски избори.