Членови на Македонската Олимписката делегација заминуваат за Токио на ЛОИ

Сподели

 

Членовите на Олимписката делегација на Република Северна Македонија заминуваат за Токио за да учествуваат на 32-те, одложени Летни олимписки игри 2020. 
 
На ова врвно олимписко натпреварување во Токио оваа година, нашата држава ја претставуваат:
 
 
 
 
 
🔹 Миа Блажевска-Еминова и Филип Деркоски во пливање
🔹 Борјан Бранковски во спортско стрелаштво
🔹 Дејан Георгиевски во таеквондо
🔹 Пулексенија Јованоска во карате – ката
🔹 Магомедгаджи Нуров во борење слободен стил
🔹 Арбреша Реџепи во џудо
🔹 Јован Стојоски во атлетика.
 
“Тоа се нашите олимпијци кои со самото учество на најпрестижната спортска манифестација го остварија својот сон. Сите ние од 23 јули до 8 август со мислите и со најубавите желби ќе бидеме со нив. Ќе ги бодриме да постигнат нови лични успеси и да знаат дека на теренот, на спортските арени, сите се со еднакви шанси да го постигнат најдоброто”, изјави премиерот Зоран Заев.