Од први мај се укинуваат сертификатите за влез во Грција

Сподели

 

Од 1. мај за влез во Грција, се укинува задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест за влез во земјата.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека надлежната Комисија на епидемиолози препорачала „суспензија на Covid pass од 1 мај и враќање на исполнетоста на објектите на 100% од капацитетот, суспензија на сертификатото од EUDCC на влезните точки во земјата“, а останатите одлуки се однесуваат на тестовите за невакцинираните вработени.

Сите препораки на комисијата се прифатени од Владата, а ваквата одлука е во сила од 1. мај, во шест часот наутро.

Ова значи дека од недела се укинуваат сите Ковид рестрикции во Грција со исклучок на маската, која и понатаму е задолжителна во затворените простори.