Санкционирани 230 пешаци за преминување на улица надвор од пешачки премин

Сподели

 

На територијата на целата држава вчера МВР спроведе акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците, при што беа изречени вкупно 230 мерки, меѓу кои 194 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 28 за непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаци што ги дава полициски службеник, шест за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, две за некористење на тротоар или друга површина наменета за движење на пешаците.

За време на контролата регистрирани се и 129 останати прекршоци.