Ковачевски: Ние сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници

Сподели

 

“Ние сме единствената држава во Европа којашто има министерство за помалите етнички заедници (Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците) и законски решенија за унапредување на нивните права, како што се за користењето на јазиците и за еднаков пристап при вработување во јавниот сектор. Ако некој е загрозен, може да реагира преку постоечките институции, а секако, додаде тој, нивниот капацитет може да биде зголемен во секој момент.”

Ова се дел од пораките кои ги испрати премиерот Димитар Ковачевски во денешната изјава откако вчера бугарскиот премиер Кирил Петков кажа дека очекува во земјава да се формира некаква институција за правата на Бугарите.
 

„Прво ние сме држава која го има поставено прашањето на правата на помалите етнички заедници на исклучително високо ниво и ние сме единствената држава во Европа која има министерство за помалите етнички заедници. Ние единствени во Европа имаме законски решенија со кои се унапредуваат правата на помалите заедници во секоја смисла, значи од користење на јазици преку еднаков пристап до вработувања во јавниот сектор, преку најразличните програми кои владата ги има во рамки на Буџетот и преку други институции кои се формираме. Исто така, имаме канцеларија на омбудсманот која се грижи за правата на сите граѓани која се грижи за правата на сите граѓани вклучително и на бугарското малцинство. Така што, нормално дека ако некој е загрозен може низ тие институции тоа да го направи, а секако дека капацитетот на институциите може во секое време да биде зголемен и добро е да се зголемува капацитетот бидејќи за сите граѓани, ние и во владината програма тоа сме го ставиле и тоа го предвидува и нашиот устав оваа држава е место каде сите имаат еднакви шанси како за личниот така и за професионалниот развој“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.