Мега популарната актерка од бившите ју простори Лидија Вукиќевиќ од следната седмица повторно доаѓа кај нас. Таа и нејзиниот тим по барање на публиката започнуваат со втора турнеја кај нас со хит комедијата “Чекајќи го министерот”.
Оваа хит комедија го остава гледачот без здив од смеа, како резултат на комичните ситуации кои сите ликови ги минуваат во претставата.
Главната улога ја игра мега популарната актерка од Србија – Лидија Вукиќевиќ, која публиката ја знае по култните серии: “Бољи живот“, “Жикина династија” и многу други.
Во претставата се говорат три јазика: Српски, Македонски и Босански.
Покрај Вукиќевиќ во претставата играат Семир Гициќ, кој е автор и режисер на претставата и нашиот актер Сашо Ристовски. Овој тим ги полни салите ширум нашата држава.
Во периодот од 23 мај до 4 јуни ќе се одигра оваа хит комедија во: Струга, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Македонска Каменица, Виница, Кавадарци, Неготино, Штип, Кратово…