Државниот архив и ИВЗ потпишаа Меморандум за соработка

Сподели

 

Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески и претседателот на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, реис-ул-улема Хаџи Шеќир-ефенди Фетаи, потпишаа Меморандум за соработка.
 
 
 
 
Со потпишувањето на овој Меморандум се проширува меѓусебната соработка во научната, истражувачката, архивската и образовната дејност, што е во духот на отвореноста на Државниот архив спрема институциите.
 
 
 
 
“Со Меморандумот во иднина е предвидено и заедничко објавување Зборници на документи, размена на публикации и на копии на архивски материјали” – изјави директорот д-р Емил Крстески, кој нагласи дека дијалогот и соработката меѓу институциите во голема мера придонесуваат и за подобро разбирање и почитување меѓу луѓето, народите и државите.