Пендаровски: Со кој образ ќе им кажеме на граѓаните дека е во игра нова европска иницијатива

Сподели

 

“Се поизвесно е дека бугарското вето ќе остане и дека нашиот пат кон ЕУ ќе стагнира, но дека треба внимателно да се постапува во однос на другите иницијативи за здружување и соработка меѓу европските земји. Ние по 20 години кажување и зборување за ЕУ и НАТО, со кој образ ќе излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека еве сега ќе се вклучиме во една нова европска иницијатива. Ние мора да знаеме дали таа иницијатива на Макрон се однесува на Украина, Грузија и Молдавија или нѐ опфаќа и нас,” истакна претседателот Стево Пендаровски за Утрински брифинг.