Од полноќ бензините поскапи за 1,5 а дизелот за 3 денари

Сподели

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, денес донесе Одлука со која се врши зголемувањена малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 отсто во однос на претходно.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,809 ден/кг и сега ќе изнесува 56,317 ден/кг.

Од полноќ цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 111,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 113,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50(денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 56,317(денари/килограм)