(ВИДЕО) Која селекција им го нанесе најголемиот и најболниот пораз на Италија?

Сподели

Синоќа, Германија на свој терен во Мехенгладбах и нанесе тежок пораз на Италија со резултат 5:2.

фото: Getty-images

По 70 минути Германија водеше со 5-0 со головите на Кимих и Гиндоган во првото полувреме и Томас Милер и двапати Вернер во второто, но „азурите“ успеаја да намалат во финишот преку Гнонт и Бастони.

На тој начин „Панцирите“ станаа првата репрезентација по поранешна Југославија која успеала да им даде на Италијанците најмалку пет гола.

Последен пат „Сините“ го направија тоа во 1957 година, кога ја победија Италија со 6:1 во поранешниот Куп на нации на Централна Европа.

Така, Германците речиси го повторија тој потфат, но во финишот ја тргнаа ногата од гасот. А најубедливиот пораз Италијанците го претрпеа во 1924 година од Унгарија – 1:7.

На овој натпревар падна еден рекорд, а се однесува на селекцијата на Италија, бидејќи со голот на Вилфрид Гнонт стана најмладиот стрелец во историјата на таа репрезентација.

Тој имаше 18 години и 222 дена, со што го сруши рекордот на Бруно Никол, кој имаше 18 години и 258 дена, кога постигна гол за Италија против Франција во 1958 година во ремито од 2:2.

Интересно, во оваа „група на смртта“ од Лигата на нации, Унгарија е прва, пред Германија, Италија и Англија.

The post (ВИДЕО) Која селекција им го нанесе најголемиот и најболниот пораз на Италија? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico