Денеска, Владата ќе ја одржи редовната 54-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
Според предложениот дневен ред, на предлог на Министерството за економија ќе се разгледува Предлог-законот за заштита на потрошувачите како и Информација за потребата од изготвување на закон за нефер трговски практики.
Меѓу другото, на денешната седница пред министрите ќе се најде и Предлог на закон за изменување на Законот за извршување на санкции, изготвен од Министерството за правда.