Премиерот Ковачевски предводи владина делегација на Самитот на ЕУ за Западен Балкан

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, кој се одржува денеска и утре во Брисел ја предводи владината делегација во која е вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на работната посета на Брисел, предвидено е премиерот Ковачевски, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама да одржат прес-конференција.