Претседателот на Советот на Европа Шарл Мишел во еднодневна посета на Скопје

Сподели

 

Денеска, во еднодневна посета на државава ќе пристигне претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел.

Во рамки на посетата високиот претставник од Советот на Европа ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Потоа е предвидено да присуствува на владината седница, по што во 13:15 часот премиерот Ковачевски и претседателот на Советот на Европа Мишел, ќе одржат заедничка прес-конференција.