Фудбалерот Вилијам Рибеиро од регионална лига во јужен Бразил е уапсен откако нападна судија и го нокаутираше на сред натпревар.
На снимката од телевизискиот пренос се гледа како играчот од средниот ред Вилијам Рибеиро го брка судијата Родриго Кривалје пред да го удри со тупаница.
Судијата падна, но играчот продолжи да го удира со тупаници, а откако падна со нога го удри во задниот дел од главата.
Натпреварот помеѓу Гуарани и Сао Паоло-РС кој се играше во градот Венанцио-Аирес на југот на Бразил, беше прекинат во 59. минута, а судијата беше пренесен во болница откако подолго време беше без свест.
Полицијата потоа влезе на терен за да го уапси напаѓачот.
Судијата денеска ја напушти болницата во „добро здравје“, изјавија извори за АФП.
Комесарот задолжен за истрагата за локалните медиуми изјави дека играчот ќе биде кривично гонет за „обид на убиство“.
„Судијата беше удрен со нога додека беше на земја, беспомошен. Можеше да умре или да претрпи сериозно оштетување на мозокот“, рече тој.
Клубот од Сао Паоло веќе објави дека го раскинала договорот со Вилијам Рибеиро.
The post (ВИДЕО) Уапсен бразилски фудбалер по напад на судијата – Го чека тужба поради обид за убиство! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico