Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Клик Плус изјави дека никој апсолутно не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашната, ниту која било идна власт.
„Тоа треба да ни биде јасно на сите. Идентитетот, јазикот, културата, посебноста на македонскиот народ, се нешто, што мора да се заштити по секој цена и нема разговори со никого, па нека биде и ЕУ во делот на нашиот јазик и нашиот идентитет. Тоа не се преговара и не може да се преговара никогаш понатаму“, додава Спасовски во објавата, пропратена со видеоизјава од неговото гостување во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21.