Германски ЗДФ објави сторија за можен скандал на АТП турнејата во која се вклучени русинот Аслан Карацев и грузиецот Николоз Башијашвили.
Германците тврдат дека имаат документи кои покажуваат како нивниот поранешен белоруски селектор Јахор Јачик им нудел пари на Русинот и Грузиецот за да местат натпревари.
,,Станува збор за неверојатни таленти кои имале финансиски проблеми порано во кариерата. Тренерот им се обратил со оваа понуда во момент кога немале особено добри резултати – тврди неименуван извор за ЗДФ кој контактирал со Карацев, а тој веднаш ги демантираше наводите.
ЗДФ има документи од ИТФ, која истражувала сомнителни натпревари во кои играле Карацев и Башијашвили додека Јацик ги раководел.
Белорусинот беше тренер на Башијашвили во 2013 и 2018-2021 година година, а на Карацев во 2019-2020 година.
Карацев е под истрага на натпреварите во Финска во 2019 година и во Казахстан во 2020 година, додека шест натпревари на Башијашвили се под истрага, а последниот беше на АТП турнирот во Штутгарт, кој се играше неколку недели пред Вимблдон.
Башијашвили некогаш беше 16. играч во светот, а денес на 26-то место, додека Карацев беше 14-ти, а денес е на 42-то место.
The post Се појавија докази дека местеле натпревари – Не се обложувајте на овие тенисери од топ 50! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico