Малопродажните цени на бензините од ноќеска ќе поевтинат за 3 денари за литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика .
Од ноќеска максималните цени на Еуросупер БС – 95 ќе изнесуваат 102,50 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе чинат 104,50 денари за литар. Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) ќе може да се набави за 100 денари за литар, додека цената на екстра-лесното масло (ЕЛ-1) ќе остане 98 денари за литар. Мазут М-1 НС ќе се продава за 50,903 денари за килограм.