Вархеји: Опозицијата ги премина границите на цивилизиран начин на водење политика

Сподели

 

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во интервју за „Еурактив“, на опозицијата во Северна Македонија ѝ порача дека при дебатата во Собранието за Европскиот предлог за почеток на преговорите за членство во ЕУ, ги преминала границите за европски и цивилизар начин за водење на политика.

„Ова е момент за отрезнување за Северна Македонија, но и за опозицијата. Палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, порача Вархеји.

„Еуроактив“ наведува дека по решавањето на долгогодишниот спор на Северна Македонија со Бугарија, Албанија ги започна преговорите, додека за Скопје дел од процесот ќе биде и вклучување на Бугарите во Уставот меѓу останатите нации, за што е потребено две третини од пратениците да гласаат „за“. Според Вархеји, ова ја поттикна националистичката опозиција која ги премина црвените линии организирајќи ги протестите кои траеа со денови.

Еврокомесарот во интервјуто ги наведе и примерите кога пратениците од опозисиските партии палеа листови хартија со францускиот предлог на собраниската говорница.

На прашањето дали гледа ризик од натамошни пречки на патот, Вархеји рече дека целта е да се создадат јасни, правични и транспарентни критериуми кои можат да го променат негативниот став на двете страни.

Тој, исто така, нагласи дека Албанија покажа вистинска солидарност со Северна Македонија и зрелост во разбирањето дека земјите-членки (на ЕУ, н.з.) сакаат двете земји да одат напред додавајќи дека Албанија сега може да продолжи сама./Мета.мк