Маричиќ: Правото на ЕУ преведено на македонски јазик официјално во Службениот весник на Унијата

Сподели

 

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес потпиша рамковна спогодба за превод на европското законодавство на македонски јазик со седум економски оператори.

 

 
 
“Денешното официјализирање на соработката со економските оператори, во еден од клучните делови за нашата успешна евроинтеграција на земјата, а тоа е преводот на правните акти на Европската Унија, доаѓа во вистинско време кога ги отворивме преговорите со Унијата и кога мораме уште поинтензивно да работиме на усогласеноста на нашето националното законодавство со правото на ЕУ”, изјави Маричиќ.
 
 
 
 
 
“Македонскиот јазик ќе ужива статус на еднаков и официјален јазик на Унијата кога нашата држава ќе стане нејзина полноправна членка.
 
Преводот на правото на ЕУ претставува наша обврска која произлегува од правниот систем на ЕУ, кој одредува дека сите официјални јазици на земјите-членки се и официјални јазици на Унијата и дека сите јазични верзии на правните актите се оригинални и еквивалентни”, истакна Бојан Маричиќ.